Нова американска амбасадорка пристигна во Русија

Сподели со своите пријатели

Новата амбасадорка на САД, Лин Трејси, пристигна во Русија, соопшти денеска американската амбасада.

Loading...

„Добре дојдовте назад во Русија, амбасадорка Трејси“, објави Телеграм канал на Амбасадата на САД, кој објави и нејзина фотографија на московскиот аеродром.

Трејси веќе беше во Русија, во периодот меѓу 2014 и 2017 година, кога беше заменик шеф на американската дипломатска мисија, а потоа во 2018 година стана амбасадор во Ерменија.

Лин се сретна со рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов во Вашингтон на 24 јануари.

Истиот ден, рускиот заменик-министер за одбрана Сергеј Рјабков изјави за новинарите дека разговорите, кои ќе се фокусираат на проблематичните аспекти на руско-американските односи, ќе продолжат со Трејси.

Според Рјабков, досега не е можно да се најде заеднички јазик за спорните прашања меѓу Москва и Вашингтон.

Трејси беше назначена за нов амбасадор во Русија на 21 декември и ќе биде првата американска жена амбасадор во Русија.

Според руската новинска агенција, Трејси во ноември пред Сенатот изјавила дека го дели ставот на Вашингтон кон Русија и ги поддржува построгите антируски санкции.

Loading...

Претходниот американски амбасадор во Русија, Џон Саливан, ја напушти Москва по завршувањето на неговиот мандат на 4 септември минатата година, а за амбасадор во Русија беше назначен во декември 2019 година.