Нов земјотрес во Турција со јачина од 5,3 степени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот турски град Кахраманмарас.

Loading...

Како што соопшти Управата за вонредни ситуации (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во населбата Гоксун, во Кахраманмарас, на длабочина од околу седум километри.

Не е соопштено дали има човечки жртви или материјална штета.

Во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари оваа година, загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а илјадници други во соседна Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова студија ја потврди теоријата дека Ковид започнал од кинески пазар