Нов Зеланд воведе санкции за Лукашенко и белоруски државјани

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд воведе санкции за голем број физички и правни лица во Белорусија, вклучително и претседателот Александар Лукашенко, поради ситуацијата во Украина, изјави министерката за надворешни работи на Нов Зеланд, Нанаја Махута.

Loading...

Таа во изјавата рече дека белоруската влада прави, како што рече, „неприфатлив напад врз суверенитетот на Украина“.

 

Фотографијата од трудната Украинка што го обиколи светот: Ја користеа за да шират лаги за војната

 

„Под водство на претседателот Лукашенко, белоруската територија беше искористена за напади во Украина. Нов Зеланд ги осудува сите оние кои и помагаат на Русија и ја повикуваме Белорусија да се откаже од својата поддршка“, рече таа.

Според неа, последната рунда санкции ја проширила листата на санкционирани Белоруси на 27, а меѓу нив има и бројни воени лидери.

 

Loading...

Серија експлозии во Лавов, гувернерот тврди дека биле соборени три руски крстосувачки ракети

 

Нов Зеланд претходно воведе санкции за повеќе од 650 руски граѓани, меѓу кои и претседателот Владимир Путин, членовите на Државната дума и 55 најголеми руски компании.