Нов Зеланд ги отвори границите за странци за прв пат од почетокот на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд денеска ги отвори своите граници за странски посетители за прв пат откако беше затворен поради пандемијата „Ковид-19“ во март 2020 година.

Loading...

Границите на Нов Зеланд почнаа повторно да се отвораат во февруари, прво за Новозеланѓаните, а ограничувањата постепено беа ублажени.

Процесот на повторно отворање на границите заврши во неделата навечер, а на посетителите на кои им треба виза и на оние со студентски визи сега им е дозволен влез и во Нов Зеланд.

Посетителите мора да бидат вакцинирани и тестирани двапати по пристигнувањето во Нов Зеланд

Земјата, исто така, сега дозволува бродови за крстарење и странски јахти да се закотвуваат во нејзините пристаништа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците откриваат што ги предизвика историските пожари во Лос Анџелес

Сепак, посетителите мора да се вакцинираат против Ковид-19 и да се тестираат за ковид-19 најмалку двапати по пристигнувањето во Нов Зеланд.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн на Кинескиот бизнис самит во Окленд изјави дека завршувањето на постепеното отворање на границите е огромен успех.

„Тоа беше постепен и внимателен процес од наша страна од февруари, бидејќи ние, заедно со остатокот од светот, продолжуваме да управуваме со многу жива глобална пандемија додека ги одржуваме нашите луѓе безбедни“, рече таа.

Меѓународните студенти значително придонесуваат за економијата на Нов Зеланд, а образовниот сектор се надева дека ќе профитира од отворањето на границите.

Loading...

Министерот за туризам на Нов Зеланд, Стјуарт Неш, рече дека враќањето на бродовите за крстарење исто така ќе биде поттик за локалните индустрии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ерменската влада даде зелено светло за започнување на процесот за членство во ЕУ