Илјадници се собраа пред зградата на Парламентот во Велингтон, Нов Зеланд, во знак на протест против задолжителната вакцинација против Ковид 19, како и ограничувањата и забраните.
Демонстрантите, главно без маски, маршираа низ центарот на Велингтон и застанаа пред зградата на парламентот, каде властите ги блокираа речиси сите влезови.
Демонстрациите поминаа мирно, а голем број луѓе носеа транспаренти „Слобода“ и извикуваа пароли со кои се повикуваат властите да ја укинат задолжителната вакцинација и забраните.
Нов Зеланд се бори со епидемијата на делта сојот на корона вирусот, поради што премиерката Џасинда Ардерн мораше да воведе локдауни.
Ардерн минатиот месец објави дека здравствените и образовните работници ќе мора целосно да се вакцинираат против Ковид 19, што предизвика критики од јавноста која верува дека нивните слободи се прекршени.
Ардерн денеска планира да замине во Окленд поради олеснување на мерките воведени пред речиси три месеци во тој град. Пред нејзиното доаѓање се најавени протести.
https://youtu.be/oh2h1-MKScw