Клупа од градскиот кеј во Куманово деновиве завршила во коритото на реката Кумановка.
Ова е последен во низата случаи со уништување на градската урбана опрема, појава што се случува пречесто и за која досега никој не одговараше.
Од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ велат дека тоа го сториле несовесни граѓани, а нивни вработени ја реконструирале.
– По вандалското однесување на несовесни граѓани на градскиот кеј, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ја извадија и реконструираа клупата. Апелираме на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на градскиот кеј и сите зелени и парковски површини, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.
Претходно беа уништени и садници по течението на реката, а на градскиот плоштад заседеното цвеќе.
Никола Ивановски