Се мислите како да го подновите вашиот стил? Зошто да не започнете со пар везени фармерки?
На почетокот ваквите модели везени фармерки беа микро-тренд, односно не беа целосно прифатени од модната индустрија. Но, со текот на годините и промените кои се случуваат во модниот свет тие станаа нераскинлив дел од линиите на сите познати компании вклучувајќи ги и Гучи.
Знаеме дека можеби е сé уште рано за долги фармерки со оглед на тоа што температурите се високи, но разгледајте ја галеријата и почнете да размислувате за вашиот есенски плакар затоа што есента ни е зад пети.