Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се евакуираат поради пожарот што останува надвор од контрола во близина на Кастаик во северниот дел на округот Лос Анџелес.
Пожарот што ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура изгоре повеќе од 9.000 хектари и е 0% локализиран, изјави началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Ентони Мароне.
Нема информации дека било оштетени згради, рече Мароне на прес-конференција.
#hughesfire has reached Castaic proper. pic.twitter.com/ASFq3b91SZ
— BD Photography (@BDP_473) January 22, 2025
Кастаик се наоѓа на околу 25 километри северозападно од градот Санта Кларита и се граничи со Националната шума Анџелес.
Од 31.000 жители, 23.000 добиле наредба за евакуација, според шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна.
„Имаме повеќе од 4.000 пожарникари назначени за овој инцидент“, рече Мароне.
„Ситуацијата е сè уште динамична, а пожарот се уште е тешко да се контролира, иако ние имаме предност“, додаде тој.
Националната метеоролошка служба го продолжи предупредувањето до утре наутро за повеќето окрузи Лос Анџелес и Вентура бидејќи умерените ветрови продолжуваат да дуваат низ областа, рече Мароне.
The view of the Hughes Fire from Castaic is apocalyptic pic.twitter.com/yheJyfFKxs
— Kevin Dalton (@TheKevinDalton) January 23, 2025
Пожарот Хјуз избувна вчера во близина на езерото Кастаик, северно од каде противпожарните екипи работат на целосно гаснење на пожарите Палисадес и Итон кои изгореа повеќе од 40.000 хектари и оставија 28 мртви од избувнувањето на 7 јануари.
„Условите во кои се наоѓаме не се толку тешки како оние со кои се соочувавме последните недели или две, но она што го видовте (вчера) е показател за условите во кои се наоѓаме, во однос на вегетацијата“, рече Роберт Гарсија, шеф на Националната шума Анџелес.
Областа каде гори пожарот е позната по своите суви, тревни ридови, додаваат пожарникарите, што ги прави условите за пожар таму „критични“, рече Гарсија.
Новиот пожар избувна северно од два големи пожари кои се уште се активни и уништи неколку населби претходно овој месец.
🚨 UPDATE: The new Los Angeles Hughes Fire is now 5000+ acres with zero containment. Powerful winds creating fire tornados. pic.twitter.com/p5rIiEBpm5
— Autism Capital 🧩 (@AutismCapital) January 22, 2025
Два други пожари избувнаа на југ, во близина на Сан Диего и Оушансајд, соопштија официјални лица.
И двете се со помал обем, но ги зафатија населените области. Пожарникарите успеале да ги стават под контрола двата пожари, наредбите за евакуација главно биле укинати, а натамошното ширење на пожарите било запрено, пренесува Индекс.
Во округот Лос Анџелес, локалните медиуми ги прикажаа жителите во Хјуз како прскаат со вода нивните домови и дворови и оние кои решиле да се евакуираат.
Регионот повторно е под црвен аларм, што укажува на висок ризик од пожар поради силните ветрови и сувите услови со ниско ниво на влажност.
Една жена која го евакуирала својот дом изјавила за NBC 4 дека била заглавена на автопатот што минува низ областа и ги поврзува северна и јужна Калифорнија.
„Изгледаше како облак, но кога се приближив, изгледаше како да возиме во пеколот“, рече таа за темниот чад и црвениот пламен што ги виде. „Беше прилично страшно, да бидам искрен.
🚨 Breaking: #HughesFire Castaic lake Santa Clarita California Los Angeles LA California SOCAL has grown 50x its size in 2 hours. This is a very very dire situation!
Now over 5,000 acres!
The California Department of Forestry and Fire Protection says the fire is moving with a… pic.twitter.com/TmCOhhvvzF— SyeClops (@SyeClops) January 22, 2025