Баба од кумановско село ги надмудрила измамниците со лажни сообраќајни несреќи. Откако се посомневала во нивната приказна им ја прекинала врската.
– На 08.10.2025 во 17.15 часот во СВР Куманово, 35 – годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по случена сообраќајна несреќа во Германија, но откако се посомневала ја прекинал врската.
– Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, стои во соопштението.
Никола Ивановски