НОВ ИНЦИДЕНТ ВО АМЕРИКА: Маж со нож тешко повреди лекар и две медицински сестри

Сподели со своите пријатели

Маж со нож тешко повредил лекар и две медицински сестри во болницата за итни случаи во Јужна Калифорнија, а потоа со часови преговарал со полицијата пред да биде уапсен, соопштија американските власти.

Loading...

Мажот влегол во Медицинскиот центар Енсино во долината Сан Фернандо во петокот, нешто пред 16 часот по локално време, соопшти полицијата во Лос Анџелес, пренесува АП.

Тој го паркирал својот автомобил на сред улица и отишол во брза помош, каде побарал третман поради вознемиреност пред да нападне лекар и две медицински сестри со нож, соопштија властите.

Според извештајот, трите жртви биле префрлени во трауматолошкиот центар во критична состојба, а подоцна било соопштено дека нивната состојба е стабилизирана, наведува американската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФРАНЦИЈА: Мајката која наводно брутално си ги убила 3-те деца, пронајдена мртва

Првиот кат од болницата Енсино и некои соби во близина се евакуирани, соопшти полицијата.

Мажот останал во болничката соба околу четири часа, додека припадниците на специјалните полициски сили неуспешно се обидувале да преговараат со него пред конечно да биде уапсен, соопштија властите.

Се наведува дека поради повреди на рацете кои сам си ги нанел е префрлен на лекување во друга болница.

Идентитетот на мажот не е објавен, но полицијата соопшти дека тој има криминално досие од претходно, вклучително и две апсења минатата година за претепување полицаец и давање отпор при апсењето.

Loading...

Инцидентот се случил само два дена откако напаѓач уби четири лица во Тулса, Оклахома, неговиот хирург и уште тројца, а потоа и себеси во канцеларијата на болницата, наведува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обид за напад на Врховниот суд на Бразил, осомничениот бомбаш пронајден мртов