НОВ ИНЦИДЕНТ: Дронови со часови летале над најголемата база во Данска

Сподели со своите пријатели

Данската полиција денес потврди дека непознати дронови летале над најголемата воена база во земјата – Каруп, во централниот Јитланд синоќа.

Според полицијата, инцидентот траел неколку часа.

„Не ги соборивме“

„Можам да потврдам дека имавме инцидент околу 20:15 часот што траел неколку часа. Еден до два дрона беа забележани надвор и над воздухопловната база“, изјави за АФП дежурниот полицаец Симон Скелсјер.

Тој додаде дека во моментов полицијата не може да каже од каде доаѓаат дроновите или кој ги управувал.

„Не ги соборивме“, рече Скелсјер.

Министерот ги нарече низа слични инциденти „хибридни напади“

Во последните недели, данските власти ја нарекуваат серијата вакви прелети над клучните инфраструктурни и воени објекти „хибридни напади“ и нагласуваат дека тоа е сериозен безбедносен предизвик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија: Откриена најголемата нелегална фабрика за цигари, запленети 300 тони

Каруп е најголемата воена база во Данска и важен оперативен центар на воздухопловните сили, па затоа новите видувања на беспилотни летала предизвикаа дополнителни загрижености во врска со безбедноста на воздушниот простор.

Покрај Каруп, инциденти беа пријавени претходно во текот на денот во клучни објекти во Алборг, Билунд, Есбјерг, Сендерборг и воената база Шкридструп, а особено загрижувачки се локациите на клучниот полуостров Јитланд.

И лавниот аеродром во беше Копенхаген беше затворен

Главниот аеродром во Копенхаген исто така беше затворен со часови претходно оваа недела по повеќекратните видувања на беспилотни летала во она што премиерот на Данска го опиша како најсериозен напад врз инфраструктурата досега.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск и принцот Ендру се споменуваат во новите документи за Епштајн

Инцидентите предизвикаа пренасочување на цивилните летови – на пример, летовите од Алборг беа вратени во Копенхаген и Каруп – а данскиот министер за одбрана и министерот за правда истакнуваат дека сè почестите и координирани упади на беспилотни летала се толкуваат како форма на хибриден напад, со што се тестира подготвеноста на одбраната и се шири страв на национално ниво.

Полициските и воените сили пријавија дека беспилотни летала се движат на очигледно координиран начин над воената база Скридструп каде што се стационирани борбени авиони Ф-16 и Ф-35, додека властите сè уште не потврдија кој стои зад операциите или од каде доаѓаат авионите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жените имаат право на избор за хиџабот, тврди иранскиот претседател

Русија ги отфрла обвинувањата, некои политичари од ЕУ не ја исклучуваат оваа можност

Некои европски претставници не ја исклучуваат можната врска со руските актери, но за ова сè уште нема официјални докази, а Кремљ ги отфрла сите обвинувања.

Поради фреквенцијата и сложеноста на нападите, Данска најави зајакнување на мерките за заштита, соработка со меѓународните партнери и забрзан развој на системи за неутрализирање на беспилотни летала.