Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нов гаф кога во говор во американската сојузна држава Колорадо рече дека неговиот син, кој почина од тумор на мозокот во мај 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.
– Само замислете. Ова го кажувам искрено. Ова го кажувам како татко на човек кој ја доби бронзената ѕвезда, медалот за истакнати заслуги и кој го загуби животот во Ирак – рече Бајден.
Видеото од неговиот говор во воениот камп Хале го објави извесен Вендел Хусебо, кого на Твитер, меѓу другите, го следи и Ричард Гренел, поранешниот амбасадор на САД во Германија.
Joe Biden falsely claims his late son Beau “lost his life in Iraq.”
Beau died of brain cancer. pic.twitter.com/gEfXZOdiys
— Wendell Husebø (@WendellHusebo) October 12, 2022