Нов бизарен тренд на ТикТок: Болничарите ги снимаат своите реакции по смртта на нивниот пациент! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Тикток“ е платформа која им овозможува на корисниците да споделуваат голем број бизарни видеа, но неодамнешниот тренд е особено морбиден, а здравствените работници се снимаат веднаш по смртта на нивниот пациент.

Loading...

На видеата, медицинските сестри главно се гледаат како нервозно шетаат низ болничките ходници или едноставно очајно гледаат во камерата.

 

 

Корисникот на Твитер @ateenialien сподели едно такво видео од ТикТок со коментар:

– Човече, не можам да верувам дека мојот пациент почина, а јас да се снимам за TikTok во моментов.

Видеата понекогаш вклучуваат објаснување за ситуацијата, како ова, каде што една девојка од тикток напиша:

Loading...

– Денеска го изгубив првиот пациент. Неговото семејство не можеше да биде тука за него. Така, го направив она што би го направила секоја медицинска сестра. Седнав до него и го држев за рака додека не издиши.

 

@halesimpson This is why I nurse #nurse #fyp #nursesoftiktok ♬ Surrender – Natalie Taylor

 

Луѓето на социјалните мрежи не реагираа многу позитивно на овој тренд. „Последното нешто што би го направил е да снимам видео. Што по ѓаволите?“,

„Изгубив многу пациенти за време на пандемијата. Навистина многу. И овој вид на глумечко ѓубре ме прави толку лут што не можам ни да го опишам

„Тука ми почина пациент, само да го поставам мобилниот и да снимам видео за ТикТок каква траума е тоа“, се дел од коментарите.