Нотарка од Куманово заверила договор за пушка на лице без дозвола

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодишна нотарка од Куманово доби кривична пријава под сомнение дека заверила договор за купопродажба на ловечка пушка на лице кое не поседува дозвола.

Loading...

– СВР Куманово – Отсек за економски криминал поднесе кривична пријава против Ј.М. (63) од Република Србија, со место на живеење во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, информираат од кумановската полиција.

Пријавената, додаваат од полицијата, нотар именуван на подрачје на Куманово, заверила договор за купопродажба на ловечка пушка на лице кое не поседува дозвола за поседување на тој тип на оружје и на тој начин постапила спротивно од член 35 од Законот за оружје, според кој е утврдено дека оружје може да се продаде на лице кое поседува одобрение за набавување на оружје, како и од став 2 на овој член дека заверка ја заверува нотар со кое покрај други податоци треба да се внесат и податоците на одобрението, односно дозвола издадена од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

Никола Ивановски