Богатиот север на Европа, посебно скандинавските земји, се истакнуваат со авангардните работи што се однесува до нискоградбата, а од Норвешка пристигнуваат вести за уште едно такво чудо.
Норвежаните, имено, планираат да направат подводен тунел од југот до северот на Норвешка (од Кристијансанд до Трондхајм). Тунелот, односно мрежата на тунелот би била 30 метри под нивото на водата, а би го скратувале патот за половина од денешното време.
Сега за поминување низ Норвешка и мрежата фројдови неопходно е користењето на траектите, а идејата е со ваквите тунели да се скрати патувањето.
Во Норвешка веќе постојат подводни тунели, но она што е револуционерно кај овој проект е тоа што тунелите (две огромни цевки за две траки), би ги држале потонати и што истите би биле ускладени со плимата и осеката. Возачите, што е најважно не би ја забележувале разликата во возењето од онаа во обичниот и во овој необичен тунел.
Се работи само за идеја, затоа што инжинерите треба да решат уште некои работи, а пред се тунелите на никој начин не го загрозуваат патот за бродовите.
Со оглед на тоа дека Норвешка не прави ништо од денес до утре, од идеја до реализација ќе биде долг пат, но исто така не треба да се сомневате дека еден денова и ќе го направат. Планот е дека овој тунел ќе биде изграден до 2035 година, а целиот проект би чинел 25 милијарди долари.
[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

