Норвешка: Уапсен маж под сомнение за тероризам

Сподели со своите пријатели

Норвешката агенција за безбедност денеска соопшти дека во Осло е уапсен маж под сомнение за учество во терористичка организација.

Loading...

Како што велат, уште едно лице е идентификувано како норвешки студент и уапсено во Бугарија во координирана акција.

Подоцна денеска ќе се одржи истражно рочиште за осомничениот кој е во притвор во норвешката престолнина, по апсењето еден ден претходно, пренесува агенцијата АП.

Портпаролот на агенцијата „Тронд Хугубакен“, позната по акронимот PST, за норвешката телевизија НРК изјави дека апсењето во Бугарија е извршено врз основа на европскиот налог за апсење издаден од обвинителството во Норвешка, а истрагата е спроведена во скандинавската земја.

Норвешките медиуми наведуваат дека меѓу мажите постои семејна врска, и дека двајцата се норвешки државјани.