Норвешка ќе нарача 54 тенкови Леопард од Германија

Сподели со своите пријатели

Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови Леопард 2 од германско производство за својата армија од групата Краус-Мафеи Вегман, со опција подоцна да купи дополнителни 18 тенкови, објави денеска норвешката влада.

Loading...

„Ние се грижиме да ги имаме истите тенкови како нашите нордиски соседи и многу клучни сојузници во НАТО“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.

„Ова дополнително ги зајакнува нашите односи со Германија“, додаде тој.

Нордиската членка на НАТО, која дели 196 километри долга арктичка граница со Русија, планираше да избере или тенкови Леопард 2 А7 од германско производство или конкурентниот К2 Црн Пантер од корејско производство, произведен од Хјундаи Ротем.

Норвешка првично планираше да набави 72 тенкови, но во последниве месеци се зборува за намалена набавка откако шефот на одбраната на земјата препорача да се трошат повеќе за хеликоптери, беспилотни летала и артилерија со долг дострел.