Норвешка ќе ѝ помогне на морнарицата на Украина со над 242 милиони долари

Loading...
Сподели со своите пријатели

Владата на Норвешка денеска соопшти дека ќе одвои 242,38 милиони долари за помош на Киев, со цел да ја зајакне морнарицата на Украина и да и помогне да ги одврати руските поморски сили во Црното Море.

„Клучно е да се заштити украинското население и инфраструктура од нападите на руската Црноморска флота“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере, пренесе Ројтерс.

Според него, важно е да се заштити и извозот на жито и други производи по морски пат, од каде доаѓаат „клучните приходи“ на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина не може да влезе ниту во ЕУ ниту во НАТО