Норвешка испорача 22 самоодни хаубици на Украина

Сподели со своите пријатели

Норвешка испорача 22 самоодни хаубици М109 во Украина, заедно со опрема, резервни делови и муниција, напиша ДПА во средата.

Loading...

„Развојот на војната во Украина сега укажува на потребата да се донира и потешка артилерија и вооружени системи“, рече во средата норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Норвешка, исто така, обучувала украински војници во Германија за користење на системот, се вели во соопштението.

Поради безбедносни причини, испораката не беше однапред најавена, рече министерот.

Норвешката армија неодамна ги замени хаубиците М109 со нова јужнокорејска артилерија.

Русија продолжува да го напаѓа Северодонецк од три различни правци, иако одбраната на Украина сепак успева да ги задржи своите позиции, тврдат аналитичарите на британската разузнавачка служба.

 

Loading...

 

Малку е веројатно ниту едната страна да освои значајна позиција во последните 24 часа“, се вели во дневниот извештај на британското Министерство за одбрана.

Северодонецк е еден од последните градови во областа Луганск под контрола на украинските сили.

Градот е стратешки важен поради неколку причини.