Норвешка ги укина поголемиот дел од мерките

Сподели со своите пријатели

Норвешка ќе ги укине повеќето од преостанатите мерки против ширењето на КОВИД-19 бидејќи постојаното зголемување на бројот на случаи на коронавирус веројатно нема да го загрози здравствениот систем, рече премиерот Јонас Гар Сторе.

Loading...

Скандинавската држава беше делумно заклучена во декември поради борбата против брзо распространетиот сој омикрон, но повеќето од овие мерки повеќе не се потребни, соопшти норвешката влада, пренесува Ројтерс.

„Дури и многу повеќе луѓе да се заразат, има помалку кои се хоспитализирани. Добро сме заштитени со вакцините. Тоа значи дека можеме да ублажиме многу мерки дури и кога стапката на инфекција рапидно расте“, рече Сторе.

Како што е наведено, рестораните повторно ќе смеат да служат алкохол по 23 часот, работата од дома веќе нема да биде задолжителна, а сегашната граница од 10 посетители во приватните домови ќе биде укината.

Ќе продолжи да се инсистира на основни мерки за социјално дистанцирање, кои вклучуваат најмалку еден метар растојание при контакт и носење маска во затворен простор, соопшти владата.

Најавата на владата уследи по слични одлуки на соседна Данска и други европски земји, вклучително и Велика Британија, Ирска и Холандија, кои ги олеснија или укинаа мерките во последните недели во обид да се вратат на нормалното социјално функционирање.