Ноќва казнети 23 пијани возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 25 казни биле напишани во текот на изминатата ноќ од страна на полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Куманово, а најголем дел од нив во Куманово.

– На (05/06.03.2022) од 21.00 до 05.00 на територија на СВР Куманово  спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 25 возачи,од кои 23 во Куманово и 2 во Крива Паланка, информираат од кумановската полиција.

Засилените акциски контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски