Во текот на ноќта, точно во 03:00 часот, завршува летното и започнува зимското сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, па наместо 03:00 ќе биде 02:00 часот.
Зимското сметање на времето секогаш започнува последниот викенд во октомври, а трае до последниот викенд во март, кога повторно се преминува на летно сметање.
Ова усогласување на часовниците претставува дел од редовната годишна пракса за прилагодување на сметањето на времето според европските стандарди и регулативи.
Истата практика се применува во поголемиот дел од европските земји, освен во Исланд, Русија и Белорусија.
Иако Европскиот парламент уште во 2019 година предложи укинување на сезонското менување на времето, конечната одлука сè уште не е донесена од страна на Советот на ЕУ.
Сличен систем на менување на часовникот користат и повеќе држави од Северна и Централна Америка, како и од други делови на светот, додека пак Јапонија, Кина, Јужна Кореја и повеќето африкански земји остануваат со непроменето време во текот на целата година.

