Њујорк: Сто долари на секој што ќе прими втора доза вакцина

Сподели со своите пријатели

Од петок, Њујорк ќе плати 100 долари на секој што ќе ја прими првата доза од вакцината во центарот за вакцинација управуван од градот, најави градоначалникот Бил де Бласио.

Неговата објава доаѓа само неколку дена откако објави дека Градот Њујорк ќе побара од сите вработени во јавниот сектор, вклучително и наставници и полицајци, да бидат вакцинирани против корона вирусот до средината на септември, пренесува Ен-Би-Си.

Се проценува дека ова може да вклучува околу 340 000 вработени во јавната администрација на Њујорк.

Има голем пораст на бројот на нови случаи на коронавирус во тој град, што се припишува на ширењето на варијантата делта.

Според податоците на градскиот секретаријат за здравство, меѓу жителите на Њујорк, меѓу 45 и 65 проценти од луѓето се целосно имунизирани, во зависност од делот на градот.

Leave a Reply