Низа спортски настани по повод Денот на ослободувањето на Куманово

Сподели со своите пријатели

Низа спортски настани ќе се реализираат по повод Денот на ослободувањето на градoт Куманово од срана на спортските клубови.

Loading...

– Општински сојуз на спортови Куманово во соработка со спортските клубови кои членуваат во сојузот и годинава организират низа спортски манифестации по повод денот, па ги покануваме сите љубители на спортот да присуствуваат, велат од ОССК.

На 8ми ноември со почеток во 12 часот ќе се одржи улична трка. Стартот ќе биде точно на пладне на булеварот „Трета МУБ“, кај Рим Париз, а трката ќе заврши на Градскиот плоштад.

Истиот ден со почеток во 19 часот ќе се одржи Меѓународен семинар – Тоширо Суга, во просториите на клубот АК „Агатсу“  на  улицата „Иво Л.Рибар“ 112.

Следниот ден на 9ти ноември ќе се одржи турнир во шах, во СОУ „Перо Наков“, со почеток во 10:00 и во 15:00 часот.

Истиот ден исто така од 10 часот ќе се одржи турнир во пинг понг во спортска сала на Гимназија „Гоце Делчев“, а еден час подоцна на истата локација и турнир во стрелаштво со воздушна пушка.

Исто така на 9ти ноември од 10 часот ќе се одржи и турнир во шах и електронско пикадо во ресторан „Грација“, а од 14 часот ќе се одржи Ноемвриски турнир во мал фудбал  во ООУ „Магдалена Антова“.

На 10ти ноември ќе се организира Меѓународен Рапид турнир во СОУ „Перо Наков“ со почеток во 10:00 часот.

Loading...

На самиот ден на ослободувањето ќе се одржи Турнир во мал фудбал „Пехар на Градоначалникот“ во СОУ „Перо Наков“, со почеток во 13:00 часот, а доделување на наградите во 16:00.

ФК Куманово 2012 и ФК Куманово Еуроспорт истиот ден ќе организираат фудбалски турнир во младински категории на спомен Костурница и кај спортска сала (терен на ЗИК). На двата терена натпреварите ќе започнат во 10,00 часот.

Никола Ивановски