Општинскиот сојуз на спортови Куманово по повод државниот празник „11 Октомври“ во соработка со спортските клубови од градот организира низа спортски манифестации.
Во недела ќе се одржи алетски митинг на патеката кај Соколана со почеток во 11 часот.
Во вторник на самиот празник во 10 часот на тениските терени кај Спортската сала ќе се игра тениски турнир, половина час подоцна во спортската сала на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ ќе се одржи пинг-понг турнир, а веќе во 11 часот ќе се игра турнир во добојка во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
фото: архива