Низа кумановски села цел ден оставени без струја

Сподели со своите пријатели

Поголем број села низ кумановскиот крај се без електрична енергија скоро целиот ден поради голем дефект.

До нашата редакција регираа мештаните на селото Скачковце кои велат дека струја немаат од три часот ноќва, додека пак жителите на Јачинце од рано утринава.

Тие реагираат дека фрижидерите веќе им се одмрзнати и стравуваат дека храната што ја имаат ќе им се расипе.

На телефонскиот број за контакт на ЕВН Електродистрибуција имаат снимено гласовна порака која вели дека без напојување се селата: Стрезовце, Војник, Стрновац, Пелице, Клечовце, Драгоманце, Бајловце, месноста Оражерии и други села.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Цитроен“ излета кај Страцин, тројца повредени

Во разговор со оператер на Електродистрибуција ни беше посочено дека не се само овие села за кои веќе имаат снимено гласовно известување, туку дека без напојување се и доста други поради голем дефект.

На прашањето кога би можело да се очекува нормализирање на снабдувањето ни одговорија:

„Не знам да ви кажам конкретно во овој момент. Голем број наши тимови се веќе на терен и работат, се надеваме дека тоа ќе се случи во најскоро време“.

Прашања упативме и до портпаролот на ЕВН, но до овој момент немаме добиено одговор.

Никола Ивановски