Ниски утрински температури низ цела Македонија

Сподели со своите пријатели

И денес ќе биде студено, но облачноста постепено ќе се намалува, особено попладне и ќе преовладува сончево време со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 4 до 10 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен ветер од северен односно северозападен парвец. Максималната дневна температура ќе изнесува 4 степени, додека истата во текот на ноќта ќе се пушти на -6 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат студени, и температурата на повеќе места ќе биде под нулата.