Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Њујорк беше извонредна – не стануваше збор за каква било изолација на руската делегација, изјави рускиот амбасадор во Америка Анатолиј Антонов.
„Американците навистина сакаа да му приредат студена атмосфера на прием на нашиот министер“, рече амбасадорот.
Сепак, според неговите зборови, Лавров бил толку „изолиран“ што на прес-конференцијата во салата каде што биле новинарите сите места биле пополнети.
„Се разбира, не се зборуваше за некаква изолација на рускиот министер или руската делегација. Настаните поминаа прекрасно, и што е најважно, беа успешни“, рече Антонов.
Во исто време, тој посочи дека линиите на комуникација меѓу Русија и Америка треба да бидат отворени бидејќи тие се водечки нуклеарни сили, постојани членки на Советот за безбедност на ОН, пренесува Спутник.
Антонов рече дека руската амбасада е во контакт и со Стејт департментот и со Белата куќа.
Потсетуваме дека Русија во април го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк на седница посветена на важноста на принципот на мултилатерализам и почитување на принципите на Повелбата на ОН, како и на седницата за решавање на проблемот на Блискиот Исток.