Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров вчера преку социјалните мрежи соопшти дека се откажува од својата пратеничка функција во Собранието на Република Македонија.
Тој посочува дека својата иднина ќе ја насочи во адвокатските води, меѓутоа ќе остане дел од својата партија ВМРО-ДПМНЕ.
Loading...
Од кабинетот на првиот спикер, Талат Џафери информираат дека Тодоров ја депонирал својата оставка, а на негово место според пратеничката листа ќе се најде Невенка Стаменковска.
Тодоров од 2009 година е дел од владиниот состав на Никола Груевски, ќе остане познат по неуспешните реформи во образованието, потоа во 2011 година доаѓа на чело на Министерството за здравство, а во неколку наврати беше побарана негова оставка од морални причини поради бројни смртни случаи во македонските болници и скандали кои секојдневно ги правеа лекарите, а пред кои погледот го спуштаа директорите назначени токму од Тодоров.