Никола Караколев и претстојната сезона ќе заигра во дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово, откако деновиве потпиша нов договор со управата.
Бекот е второ засилување кое засега е потврдена од првите луѓе на клубот, откако потпис на договорот по петти пат стави и Марјан Јанески. Договорот го потпишал и Марјан Србиновски кој ќе ги предводи во нови победи, а според сите досегашни информации се уште се тактизира со договорите на искусните репрезентативци Димитар Караџовски и Александар Костоски.
КК Куманово и оваа сезона ќе се труди да направи македонски тим, со минимален број странски играчи, а можните засилувања со Брчков и Ѓуровски засега се само шпекулација.
Инаку вчера беше објавено и дека КК Куманово, по една година пауза се враќа на сцена на балканската БИБЛ Лига, откако минатата година направија пауза поради настап во ФИБА Евро купот.