Никогаш повеќе нема да ги фрлите искористените вреќички чај- Еве за што можете да ги употребите

Сподели со своите пријатели

Повторно користење на сварените и употребени вреќички чај не е никаква новост.

Во древна Кина, чајот се палел во предвечеријата за да штити од непосакувани инсекти.

1. Отстранете го црвенилото во очите- Натопете вреќичка чај во ладна вода и ставете ја на капаците. По неколку минути чајот ќе го отстрани црвенилото.

2. Исчистете ја куќата- Чајот може да отстрани маснотија и валканост по огледалата, подовите, дури и линолеумот. Откако сте си припремиле напиток, вреќичката повторно ставете ја во вода и направете си средство за чистење.

3. Освежете ја гардеробата и чевлите- Исушените вреќички чај ставете ги на таљир во ормарот, а тоа ќе придонесе вашата гардероба убаво да мириса. Ставете по една вреќичка во чевлите, бидејќи со тоа ќе ги отстраните непријатните миризби.

4. Нахранете ги цвеќињата- Искористените вреќички чај можат да бидат одлично органско ѓубриво за домашните билк, бидејќи чајот содржи многу хранливи состојки.