„Никогаш немам пробано грав и риба заедно“: Како еден Американец го доживува Куманово? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пирс Џонс, Американец кој одлучил да патува низ светот и да ги споделува своите впечатоци преку видео платформата Јутуб пред неколу месеци го посети и Куманово.

Loading...

 

 

Тој е блогер кој своите доживувања ги споделува и на блогот „Tales From The Road“.

 

 

Loading...

Во почетокот на неговото видео од Куманово тој рече дека су купил шеќерна волна од ромско семејство кое зборува германски и веднаш искоментира дека ова е многу чудно место.

 

 

Потоа зборува за мултикултурализмот во градот и државата, дека може да се забележат натписи на кирилично, но и на латинично писмо што исто така го оценува како чудно.

За Македонците вели дека имаат силен индентитет и национализам, но дека долго време не успеале да имаат сопствена држава.

 

Loading...

 

– Македонците некои ги нарекуваат првите јужнословенски говорници, некои ги нарекуваат јужни словени, јазикот е сличен на бугарскиот, некои велат дека е дијалект, некои велат дека е различен јазик. Тие  се задоволни што имаат свој јазик. Македонија во споредба со други региони немала контрола над својата земја многу долг период. Бугарите имале империја, Србите имале кралство, вели тој.

 

 

Шетајќи на улиците споделува некои историски факти за Македонија, вели дека за само 100 години жителите доживеале колонизација, деградација, сегрегација, расизам, кралства, комунизам, демократија, диктаторство, корупција и работи што луѓето можат да ги доживеат, но тоа укажува колку македонскит граѓани се силни, вели Џонс.

 

Loading...

 

Кон крајот на видеото заминува во ресторан за кој вели дека немало мени, па побарал локална храна на фотографија и тој избрал. Јадеше тавче гравче и риба, за како што вели 2,50 долари.

Гравот го оцени како прилично добар, но рече дека е чудно што рибата е пржена, а коските сепак ги оставиле внатре.

– Малку сум збунет како сево ова оди заедно, грав и риба мислам дека никогаш не сум пробал како комбинација во мојот живот, рече тој, но сепак јадењето го оцени како вкусно.

 

Loading...

 

Целиот негов влог од Куманово можете да го проследите на видеото во продолжение:

 

Leave a Reply