Анџело Марино, поранешен локален функционер во италијанската провинција Сиена, на 86-годишна возраст успеал да се стекне со уште една универзитетска диплома и со тоа да го исполни својот животен сон.
Loading...
Дипломскиот труд го одбранил на тема „Мојата земја во периодот од 1937 до 1950 година“ и добил диплома по литература, пренесе агенцијата Анса.
Универзитетот во Сиена објави дека нивниот најстар дипломец покажал многу емоции на церемонијата на дипломирање, а членовите на неговото семејство биле видно трогнати.
Марино својата прва диплома по кривично право ја стекнал во 1962 година, јави Танјуг.