Никогаш не било полесно до патување во Дубаи!

Сподели со своите пријатели

Незаборавно патување за двајца во Дубаи е една од наградите која може да ја освоите доколку учествувате во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ на Државна лотарија.

Loading...

Ваше е да изберете помеѓу релаксирачки престој на прекрасната плажа Џумеира,  да го почувствувате најмодерниот и најпрогресивен град шетајќи по трговските центри или да ја откриете убавината на традиционалните и автентични арапски пазари.

Дубаи е рај за шопинг љубителите! Тој е дом на најголемиот трговски центар во светот – Дубаи Мол, со продавници од највисоката мода на секој агол. Дубаи организира шопинг фестивали кои траат месец дена, со концерти и наградни игри, каде купувачите можат да освојат секакви награди, од автомобили до злато. Посетата на Дубаи не е целосна ако не се искуси пустинското сафари. Тоа е полудневен излет каде може да возите џипови во пустина, да јавате камили или да скијате во песок. Арапската храна е доста популарна и достапна насекаде во Дубаи. Кога станува збор за егзотична храна и луксузни ресторани, Дубаи е на врвот на листата. Може да се најдат сите видови на кујни од италијанска до азиска. Рестораните не само што нудат вкусна храна, туку и зачудувачки декори, погледи и небесни кулинарски искуства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Дубаи сега е на чекор од реалноста за секој оној ќе се регистрира на новата интернет платформа www.megawin.mk, за која Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници коишто ќе се регистрираат на www.megawin.mk заклучно со 29 ноември. Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е: 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro, и еден автомобил BMW, а првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk ќе добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 ден. до 10.000 ден.

Со www.megawin.mk, Државна лотарија прави голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите, а како членка на Европска Асоцијација на лотарии се здобива со уште една од карактеристиките на современите европски лотарии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Колку и што се превезува со железничкиот сообраќај?