Нигериски пејач осуден на смрт поради богохулие

Сподели со своите пријатели

Млад музичар од сојузната држава Кано во северна Нигерија е осуден на смртна казна со бесење поради богохулие против пророкот Мухамед.

Loading...

Вишиот шеријатски суд го прогласи Јахај Шариф (22) за виновен за песната, која беше опишана како навреда на пророкот Мухамед.

Крајниот рок за жалба на пресудата е 30 дена.

Претставникот на полицијата во Канон, Лаван Мухамед, изјави за АП дека е задоволен од пресудата.

„На таа пресуда се надевавме кога го уапсивме“, рече тој.

Демонстрантите ја запалија куќата на Шариф, откако тој ја објави песната на социјалните мрежи.

Кано е една од околу 12 држави во северна Нигерија, каде што важи шеријатскиот закон, а многумина се осудени на смрт според тој закон уште од 1999 година кога беше воведен.

Досега е извршено само едно погубување, во 2002 година, на маж осуден на смрт за убиство на жена и нејзините две деца, а на многу други, осудени за кражба, им ги ампутирале екстремитетите.

Loading...

Leave a Reply