Нигерија: Вооружени лица киднапираа над 50 ученици од католичко училиште

Сподели со своите пријатели

Вооружени лица во Нигерија киднапираа 52 ученици од католичко училиште во државата Нигер, објави денес локална телевизиска станица, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на владата на државата Нигер е потврдено дека имало киднапирање, но е наведено дека бројот на киднапирани деца сè уште се проверува.

„Владата на државата Нигер е длабоко тажна поради вознемирувачката вест за киднапирањето на ученици од училиштето „Света Марија“, се вели во соопштението, додавајќи дека безбедносните служби трагаат по учениците.

Нигерија беше сведок на низа напади од вооружени групи, вклучително и киднапирањето на 25 ученички од интернат во државата Кеби во понеделник, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција е на работ на „катастрофа“ поради рекордно низок наталитет, порача Ердоган

Овие напади фрлаат дополнителна светлина врз проблемот со несигурноста во западноафриканската земја и го принудија претседателот Бола Тинубу да ги одложи патувањата во странство.