Нигериската армија уби 76 членови на милитантните групи Боко Харам и Исламската држава во провинцијата Западна Африка (ISWAP) во северозападната држава Борно во последните неколку недели, изјави денеска воен портпарол.
Loading...
Милитантите припаѓале на две групи кои го водат бунтот во североисточна Нигерија од 2009 година, при што милиони луѓе се раселени, а илјадници се убиени, а државата Борно е главното упориште на екстремистите, објави Ројтерс.
Од почетокот на годината исламистите ги засилија нападите во областа, вклучително и нападот врз локалната заедница Думба пред неколку дена, кога беа убиени најмалку 40 фармери.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Поранешниот пакистански премиер и неговата сопруга осудени на 14 и седум години затвор