Нигер го затвори воздушниот простор: Странска земја се подготвува за напад!

Сподели со своите пријатели

Воената хунта во Нигер го затвори воздушниот простор на земјата по истекот на ултиматумот на Економската заедница на западноафриканските нации (ECOWAS), која најави употреба на сила доколку соборениот претседател не биде вратен на власт, додека западните медиуми дознаваат дека западноафриканската земјите се уште не се подготвени да интервенираат.

Loading...

Хунтата, која го собори претседателот Мохамад Базум од власт на крајот на јули, го затвори воздушниот простор тврдејќи дека „странска земја“ се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, без да прецизира за која земја станува збор, пренесува ТВ каналот Ал Арабија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тбилиси, најмалку десет лица уапсени

Веб-страницата за следење летови Flightradar24 покажува дека небото над Нигер е чисто од авиони, јавува Би-Би-Си.

Претходно, ECOWAS даде рок од една недела за соборениот претседател Мохамед Базум да се врати на власт во Нигер, во спротивно најави дека ќе употреби сила за да го врати уставниот поредок.

ECOWAS сè уште не е доволно подготвена да употреби воена сила против бунтовниците во Нигер, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на зборовите на висок командант на една од западноафриканските земји.

Рокот што ECOWAS ѝ го даде на воената хунта во Нигер истече во неделата, кога немаше движење на западноафриканските сили, според WSJ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор

„Во овој момент треба да ги зајакнеме нашите единици пред да учествуваме во таква воена акција“, изјави неименуваниот командант за американскиот весник.

Тој додаде дека успехот на секоја воена акција зависи од добрата подготовка.

Loading...

Пучот во Нигер беше осуден од меѓународната заедница, вклучувајќи го и поранешниот колонијален владетел на таа африканска земја, Франција, како и остатокот од ЕУ, САД и ОН.