Ни следува промена на времето: УХМР со најава за дожд и грмежи!

Сподели со своите пријатели

Уре попладне и во петок во јужните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во петок ќе дува засилен северен ветер.

Во Куманово и околината утре ќе имаме сончево до умерено облачно време, но без значителни услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.

Според, порталот за временска прогноза accuweather, и во петок во околината на кумановско не се очекуваат врнежи, а температурата ќе биде околу 29 степени.

Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури, велат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply