Независниот кандидат Калин Георгеску најверојатно новиот претседател на Романија

Сподели со своите пријатели

Според последните податоци на Централната изборна комисија на Романија, а врз основа на 89,64 отсто од преброените гласови, независниот кандидат Калин Георгеску води со 23,14 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, додека кандидатот на Социјалдемократската партија (ПСД) Марсел Чолаку има 19,67 отсто, а кандидатката на Сојузот за спас на Романија (УСР) Елена Ласиони 17,87 отсто од гласовите.

Loading...

Георѓе Симион од Алијансата за Сојузот на Романците (АУР) освои 14,11, Николае Чиука од Национал-либералната партија (ПНЛ) 8,97, независниот кандидат Мирчеа Џеоана шест проценти од гласовите, пренесува Аџерпрес.

Британскиот Би-Би-Си оцени дека лидерството на Ѓордеску е крајно изненадувачки, бидејќи тој е екстремно десничар и националист, а потсетуваат дека својата кампања главно ја водел на платформата ТикТок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на жителите на Ирак се зголеми на 45,4 милиони

За време на кампањата, Ѓордеску вети дека ќе стави крај на, како што го нарекува, потчинетоста на Европската унија и НАТО, особено за поддршка на Украина, според Би-Би-Си, додавајќи дека го осудува одбранбениот штит од балистички проектили на НАТО во Девеселу, Романија.

Водството на Ѓордеску е изненадување бидејќи предизборните анкети покажаа дека Чолаку има водство, а кандидатката на десниот центар Елена Ласиони ќе го заземе второто место.

Би-Би-Си наведува и дека претседателот во Романија има претежно симболична улога, но и значајно влијание на области како што е надворешната политика.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 декември.