Саудиска Рабија од 10ти ноември е погодена од незапаметени врнежи, а колку состојбата е лоша говори и фактот дека временските непогоди однеле човечки животи и оштетиле многубројни куќи и други објекти.
Триесет лица загинале во изминатите денови како резултат на страшните врнежи и поплавите кои следувале, соопштува списанието Сауди Газет.
Во меѓувреме, службите за спасување евакуирале 4.000 лица од подрачјата зафатени со поплави.
Корисниците на социјалните мрежи објавуваат снимки на кои може да се види како попалвите направиле цело море во пустината. Многумина овие снимки ги опишуваат како апокалиптични.
https://www.facebook.com/cyclone.of.rhodes/videos/175792873370534/
Loading...
Водата ја прекрива пустината, а возила едвај се движат на таков терен. Многу очевидци тврдат дека никогаш не виделе вакво време во таа пустинска земја.
Видеото кое предизвика најмногу реакции во јавноста е снимкат ана кое бедун со својата сопруга спроведува стадо камили по голем дожд.
https://youtu.be/v3V_hdZFE6g