Незапаметена тепачка во парламентот: Причина женските права (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во јорданскиот парламент за време на вчерашната седница изби инцидент без преседан.

Loading...

Пратениците се тепаа во живо на телевизија за време на дебатата за уставните реформи, а конфликтот беше околу родовата еднаквост.

Седницата мораше да се прекине.

Се започна со жива дискусија меѓу пратениците и претседателот на парламентот Абделкарим ел Дагми.

Според АТФ, причина е амандманот со кој се додава заменик за женски род за граѓаните на Јордан во поглавјето од уставот кое гарантира еднакви права за сите граѓани.

Неколку пратеници на споменатата седница беа видно изнервирани и се спротивставија на амандманот, означувајќи го како „некорисен“.

Ел Дагми ја напушти салата по скандалот, а седницата на јорданскиот парламент ќе продолжи денеска.

Треба да се напомене дека Уставот на Јордан е усвоен во 1952 година и се менувал дури 29 пати, при што, според експертите, овластувањата на монархот биле зголемени на сметка на законодавниот дом.

Loading...

Правата на жените не се променети.