Огромен питон се навлекол на метамфетамин, во уличен речник познат како „кристален мет“ во толкава мерка што морал да заврши на довикнување.
Змијата завршила во рехабилитациски центар во околината на Сиднеј, а нејзиното чудно и агресивно однесување ги згрозило полицајците и експертите за диви животни, пишува Дејли Мејл. Имено, тие змијата ја фатиле при рација во лабараторија полна со дрога.
Питонот беше на работ, чуден и нервозен, изјавил Ијан Мичел, дресер на змии.
На питонот му бил потребен еден месец за да ја исфрли дрогата од себе, а седум месеци целосно да се врати во нормала. Инаку, змиите се омилени животни на дилерите за заштита и чување на својата „стока“.
Loading...