Незадоволителен број на сопственици кои ги микрочипираат милениците во Куманово

Сподели со своите пријатели

Незадоволитен е интересот кај сопствениците на домашни миленици од Куманово за бесплатно чипирање на милениците, оценија денеска, надлежните од ветеринарно- сточарскиот центар „Тодор Велков“. Само седумдесетина миленици  од Куманово од почетокот на акцијата се идентификувани.

„Сметаме дека оваа бројка е незадоволителна со оглед на фактот дека Куманово е најголема општина во државата и има голем број на сопственици на миленици“-изјави, ветеринарниот лекар, Димитар Венев.

Тој апелираше до сопствениците да покажат интерес и да ја искористат бесплатната законска обврска и да ги идентификуваат милениците со микрочип. Венев информираше дека заинтересираните можат да се обратат во центарот секој ден, од понеделник до сабота, во претпладневните и попладневните часови. Од ветеринарно-сточарскиот центар најавија дека ќе спроведат и акции во руралните средини и бесплатно ќе ги микрочипираат милениците.

По идентификацијата на милениците, сопствениците треба да извадат и пасош за миленикот во кој се наведени податоци за миленикот, кој чини 120 денари.

Leave a Reply