Невреме во Москва: Страдаа две лица

Сподели со своите пријатели

Две лица ги загубија животите во Москва при големо невреме кога врз нив паднале дрвја во неделата, а уште 18 се повредени, изјави за ТАС С извор од руската служба за итни случаи.

Loading...

„По соборувањето на дрвјата, 18 лица се повредени, меѓу кои три деца, а две лица загинаа“, рекол изворот.

Во градот се соборени вкупно 255 дрвја, а оштетени се околу 100 возила.

Ветерот ги отфрли покривите на девет згради.

Во поширокиот московски регион шест лица се повредени за време на невремето, меѓу кои и две деца кои се пренесени во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор

Во Московската област, како последица на природната катастрофа, паднаа речиси 200 дрвја.