Невреме создава хаос на Балканот: Црвен метео аларм во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Обилни дождови продолжија да ја погодуваат Бугарија, поради што беа затворени патиштата, беше прогласен црвен временски аларм во неколку области, а 51 населено место остана без електрична енергија поради бурата.

Надлежните органи вршат засилен надзор над сите мостови и инфраструктура што е потенцијално оштетена поради поплавите, пишува денес бугарскиот весник „Новините“.

Службениците предупредија дека секоја ризична локација ќе биде веднаш затворена.

Се апелира до граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Бугарскиот национален институт за метеорологија и хидрологија прогласи црвен временски аларм, највисоко ниво на предупредување, за осум области каде што се очекуваат повеќе од 65 литри дожд на квадратен метар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минибус излета од пат во Турција: Пет лица загинаа, а 14 се повредени

Во исто време, властите објавија дека Бугарија ќе побара помош од Европскиот фонд за солидарност за погодените области поради предизвиканите штети.

Ситуацијата не е подобра ниту во Романија

Метеоролозите во Романија денес го продолжија црвениот временски аларм поради најавените обилни дождови за пет области и градот Букурешт со можност за врнежи до 140 литри на квадратен метар.

Според најновото предупредување на Романската национална метеоролошка управа (ANM), од 21:00 часот на 7 октомври до 15:00 часот на 8 октомври се очекуваат обилни дождови во неколку области.

Врнежите од дожд би можеле да достигнат од 80 до 100 литри на квадратен метар, а локално до 120 до 140 литри на квадратен метар во кратки интервали или вкупни врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинеската војска симулираше разорен троен нуклеарен удар