Невработеноста во Франција благо порасна во вториот квартал

Сподели со своите пријатели

Невработеноста во Франција благо порасна на 7,2 отсто во вториот квартал, од април до јуни, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економија, Инсее.

Loading...

Невработеноста е малку променета во однос на првиот квартал годинава кога изнесуваше 7,1 отсто.

Бројот на невработени се зголеми за 20.000 во вториот квартал и достигна 2,2 милиони луѓе.

Невработеноста е намалена за 0,2 отсто во однос на истиот квартал лани, а процентот на невработени е речиси ист кај мажите – 7,2 отсто и кај жените – 7,1 отсто, пренесува Танјуг.

Во возрасната категорија меѓу 15 и 24 години, стапката на невработеност во вториот квартал изнесувала 16,7 отсто, во возрасната категорија од 25 до 49 години – 6,5 отсто, а во категоријата над 50 години – 5,1 отсто.