Невработеноста во Британија во јануари порасна на 3,9 отсто

Сподели со своите пријатели

Невработеноста во Велика Британија благо порасна во јануари од декемвриските 3,8 на 3,9 отсто, а платите растат со побавно темпо од очекуваното, се вели во денеска објавениот извештај на Британската канцеларија за национална статистика (ONS), пренесува Танјуг.

Loading...

Редовните плати во Велика Британија, без бонусите, се зголемија за 6,1 отсто на годишно ниво, додека економистите на Ројтерс очекуваа пораст од 6,2 отсто.

Ако ги вклучиме и бонусите во статистиката, пакетите за плати се зголемени за 5,6 отсто, повторно под очекувањата на економистите кои прогнозираа 5,7 отсто, пренесува Sky News.

Растот на платите во Британија беше најбавен од октомври 2022 година, но сепак е над годишната стапка на инфлација од четири проценти во 2023 година.

Најновите податоци веројатно нема да ја поттикнат Банката на Англија да ги намали референтните каматни стапки на земјата следната недела, заклучува Sky News.