Невработените млади во Кина плаќаат за да седат и да се преправаат дека работат во канцеларија

Сподели со своите пријатели

Во Кина, сè повеќе невработени млади луѓе им плаќаат на компаниите за да можат да седат во канцеларија и да се преправаат дека работат.

Loading...

Феноменот се шири додека земјата поминува низ економско забавување, а стапката на невработеност кај младите е сè уште над 14%.

За некои, тоа е подобра опција отколку да не прават ништо дома, дури и ако мора да платат за да „работат“, пишува Би-Би-Си.

Канцеларија без плата, но со колеги

Шуи Џоу (30) од градот Донггуан имал мал угостителски бизнис кој пропаднал минатата година.

Во април, тој почнал да плаќа 30 јуани дневно (околу 3,60 евра) на компанија наречена „Pretend To Work Company“ односно „Компанија за преправање дека работиш“.

Таму, тој им се придружува на уште пет „колеги“ секој ден во целосно опремена канцеларија со компјутери, интернет, сала за состаноци и кујна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дел од Франција во највисока тревога: Блиску сме до рекордни нивоа

„Се чувствувам среќен, како да работиме заедно“, вели Џоу, кој верува дека оваа средина му помага да ја одржи дисциплината.

Работна атмосфера или социјална мрежа?

Компании за „работа“ сега никнуваат во големи градови како Шангај, Шенжен, Нанџинг, Вухан и Ченгду.

Loading...

Цената се движи од 30 до 50 јуани дневно, а понекогаш вклучува ручек и ужина.

Некои навистина бараат работа таму или започнуваат мали проекти, додека други едноставно се дружат, разговараат, се шегуваат или излегуваат на вечера заедно.

„Кога некој активно бара работа, работи концентрирано. Кога не, разговараме, играме, се забавуваме. Сите станавме пријатели“, вели Џоу, која понекогаш останува на „работа“ до 23 часот.

Пригодена пракса за диплома

Во Шангај, 23-годишната Сјаовен Танг ангажирала работно место за еден месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинески бродови се судрија при потера по филипински брод (ВИДЕО)

Дипломирала минатата година, но сè уште не нашла постојана работа.

На нејзиниот факултет постои непишано правило, а тоа е дека ако не докаже дека има работа или пракса во рок од една година, нема да ја добие дипломата.

Затоа испратила фотографии од „канцеларијата“ до факултетот како доказ дека е на пракса.

Всушност, таа таму пишувала онлајн романи за ситна цена.

Loading...

„Ако ќе глумиш, глуми до крај“, се пошегува Танг.

„Јас продавам достоинство, а не работно место“

Сопственикот на „Pretend To Work Company“ во Донггуан, 30-годишниот Феију (псевдоним), вели дека всушност им продава на клиентите „достоинство да не бидат бескорисни“.

Тој самиот бил невработен откако морал да ја затвори својата продавница поради пандемијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Турција: Урнати повеќе згради, повеќе повредени лица (ВИДЕО)

Четириесет проценти од неговите „клиенти“ се новодипломирани студенти на кои им е потребен доказ за пракса за колеџ, додека останатите се претежно хонорарни преведувачи, дигитални номади и онлајн писатели. Просечната возраст на корисниците е околу 30 години.

Феију признава дека бизнисот можеби нема да биде профитабилен за него на долг рок, но тој го гледа како социјален експеримент.

„Ако му помогнеме на некого да создаде вистински почеток од лажно работно место, тогаш проектот успеал“, вели тој.

Од глума до вистинско знаење

Шуи Џоу сега го користи поголемиот дел од своето време за подобрување на своите вештини во вештачката интелигенција.

Тој забележал дека сè повеќе компании бараат познавање на алатките за вештачка интелигенција во своите реклами, па затоа верува дека ова ќе му помогне да ја најде вистинската работа.

Loading...