Невработените кумановци и правните лица искористиле бројни мерки

Сподели со своите пријатели

Успешна е реализацијата на Оперативниот план за вработување, во рамки на кој невработените кумановци и правните лица искористиле бројни мерки, соопштија надлежните од Центарот за вработување во Куманово.

Loading...

– Имаше повеќе мерки, најинтересна за граѓаните и најискористена е самовработувањето, а кај правните лица, мерката-финансиска поддршка за отворање нови работни места. Добро помина и новата мерка „креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“. За финансиска поддршка кај правните субјекти, финансиите беа пуштени при крај на годината. Имавме 108 апликации, дури 85 потпишани договори, изјави Ндерим Јашари, раководител на Центарот за вработување на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во Черкезе, оџак опожарен во Перо Чичо

За самовработување, мерката, вели тој, беше поделена на два дела, од кои, лани биле отворени 20 фирми со 40 вработени и ДООЕЛ има вкупно 82 компании – од кафе-барови, до сметководства, адвокати, ординации, речиси од сите дејности.

Младите особено биле заинтересирани за обуките за ИТ вештини. Од 135 апликации, 73 лица веќе следат, а дел завршиле една од деветте програми кои што им стојат на располагање.

– Предуслов беше полагањето врз основ на кое се рангираа по бодови. Интерес кај невработените кумановци имаше и за обука за возачи за „Ц“, „Е“ и „Д“ категорија, за што, исто така, требаа да имаат одредени квалификации, односно да имаат претходно положени категории, изјави Јашари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови на Куманово утре без струја

На ниво на центарот имало 47 апликации, а со 28 лица веќе се потпишани договори, поголем дел за „Ц“ категорија. Во моментов тече и мерката пилот-проект за обезбедување на лица и имоти.

-Ги повикувам сите кои имаат идеја за бизнис да дојдат во нашите простории, да разговараме и да помогнеме. И, секако да ја следат веб страницата на АВРСМ, изјави Јашари.

МИА

Loading...